Македонија 22. најдобра дестинација за инвестирање во светот

Bez autora
Oct 02 2012

Македонија напредувала 12 места на листата на најдобри бизнис-дестинации според еминентното годишно истражување "Дуинг бизнис" на Светската банка. Македонија годинава е рангирана на 22-рото место од 180 рангирани држави и остварила значаен прогрес во неколку од полињата што се предмет на истражување зашто го подобрила својот генерален ранг. За потсетување, лани земјава беше рангирана на 34. место на листата на "Дуинг бизнис". Ова истражување е составено од мониторинзи во десет различни области кои директно имаат влијание врз бизнис-климата во една земја. Македонија има подобрување на рејтингот во пет сегменти од кои во три области подобрувањата се оценети како драстични и радикални. Во еден сегмент рангот е идентичен како и лани, а на четири деловни полиња бележи минимални падови на својот рејтинг.

Македонија 22. најдобра дестинација за инвестирање во светотМакедонија напредувала 12 места на листата на најдобри бизнис-дестинации според еминентното годишно истражување "Дуинг бизнис" на Светската банка. Македонија годинава е рангирана на 22-рото место од 180 рангирани држави и остварила значаен прогрес во неколку од полињата што се предмет на истражување зашто го подобрила својот генерален ранг.

За потсетување, лани земјава беше рангирана на 34. место на листата на "Дуинг бизнис".

Ова истражување е составено од мониторинзи во десет различни области кои директно имаат влијание врз бизнис-климата во една земја. Македонија има подобрување на рејтингот во пет сегменти од кои во три области подобрувањата се оценети како драстични и радикални. Во еден сегмент рангот е идентичен како и лани, а на четири деловни полиња бележи минимални падови на својот рејтинг. Заради комбинација на овие фактори во услови на домашна рецесија и на меѓународна финансиска криза нашата земја го подобрила својот ранг за 12 места и 2012 година ја завршила на 22-рото место на ранг-листа на земји во рангирањето "Дуинг бизнис".
Највисок ранг, како и лани, земјава има во сегментот отворање бизнис" и тука е рангирана на шестото место, што претставува пад од само една позиција во споредба со рангот во 2011 година.

МН: Неверојатен подем во категоријата градежни дозволи

Македонија бележи неверојатен подем, односно лансирање на рејтингот, во категоријата со издавање и добивање дозволи за градежништво. Рејтингот е подобрен за 86 места и 2012 година Македонија ја завршила на 61-тото место, а лани била на 147. позиција во оваа категорија. Значаен подем има и во категоријата регистрација на имот, каде што рејтингот на земјата е подобрен за 18 позиции до 49-тото место во 2012 година. Значајно подобрување особено во услови на криза има во категоријата пристап до кредит, каде што позицијата е подобрена за 21-вото место, а во 2012 година Македонија завршила на 24-тото место.

"Електрификацијата" е мрак!

Убедливо најлош ранг има сегментот за "електрификација" што ги опфаќа процедурите за снабдување со електрична енергија и приклучување на мрежа за секој нов бизнис. Овде Македонија стои најлошо во споредба со сите други рангови по сегменти и се наоѓа на 121-то место во 2012 година. Во споредба со лани дури и бележи пад за 2 места на ранг-листата на сите држави само по овој сегмент. Повеќе од сигурно е дека подобрување на условите во овој сегмент ќе биде еден од приоритетите на власта во идната година.

Заштита на инвеститори на високо ниво

Според ранг-листата во сегментот заштита на инвеститорите" Македонија годинава е рангирана на 17 место и во споредба со лани бележи пад за само едно место. Овој сегмент, гледано во целата структура, е втор најдобар од сите десет сегменти, но очигледно дека лани сме работеле подобро на заштитата на странските инвеститори и тие биле за нијанса позадоволни во споредба со годинава. И кај даноците имаме пад од 2 места и годинава во тој дел Македонија е рангирана на 26-тото место и повторно има висок пласман.

Мали, но значајни подобрувања, имаме и во категориите спроведување договори, каде што годинава рангот е подобрен за 5 позиции и земјава е рангирана на 60-тото место. Во категоријата прекугранична трговија" рангот е подобрен за 3 позиции и годинава сме на 67-тото место од повеќе од 180 рангирани држави.

Единствена категорија кај која анкетираните покажале дека нема промени е справување со солвентноста, при што земјава останува на 55-тото место.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik